Економија

МТСП: Почнува исплатата на права од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека од денеска, 2 септември, почнува исплатата на правата од социјална и детска заштита за месец август 2020 година.

-Почнува исплатата на права од социјална и детска заштита и тоа гарантиран детски додаток, посебен додаток за месец 09/2020, ЕПП за новороденче, родителски додаток за трето дете и за четврто дете, единствен родителски додаток, образовен додаток – студирање, гарантирана минимална помош ГМП, социјална парична помош-ретроактивна исплата, постојана парична помош-ретроактивна исплата, туѓа нега, еднократна парична помош, мобилност и слепило, цивилна инвалиднина, социјално домување, соопштија од МТСП.

Понатаму, како што посочуваат, почнува и исплата на социјална сигурност-социјална пензија, азиланти домување, парична помош за згрижувач и паричен надоместок за згрижувачко семејство.

Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, од Министерството информираат дека исплатата ќе се спроведе во три групи, во филијалите и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:  2 септември (среда) –А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;  3 септември (четврток) –И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;  4 септември (петок) –П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

-Корисниците на парични права кои поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, од 2 септември 2020 година, соопшти МТСП.

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Војната во Украина удри и врз македонската индустрија

Сашо Чавдаров

Казни за тројца трговци кои не ја почитувале владината одлука за замрзнати цени на училишниот прибор

Дејан Дејан

Се уште не се знае дали стотина основни прехранбени производи ќе бидат со замрзнати цени или пак ќе им се ограничува маржата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе