Вести Економија

Откупот на сливи лош, се жалат производителите

Квалитетен и богат рода на сина слива има во Пијанечкиот регион, но се повторува 2018 година, кога немаше кој да го откупи. Производители на сливи во делчевско мака мачат со откупот на брендот на овој регион. Во моментов  слива се откупува за 10 денари, но производителите тврдат дека откупот им оди на оние кои имаат пријатели во откупните фирми.

Во пијанечкиот регион годинава се очекува производство од 12.000 до 14.000 тони сина слива. На терен се мал број на откупувачи,  производителите тврдат дека годинава ги нема од Косово, кои земаат големи количини. Овоштарите од овој регион поради немање на цена и сигурен откуп на ова овошје почнале да ги напуштаат или ги заменуваат со друга култура.

Производителите на сливи во делчевско немаат свое здружение, преку кое би побарале решавање на проблемите, но сметаат дека државата може да им помогне со отварање на производствени капацитети за преработка или дистилерии, а фирмите коишто откупуваат да имаат лиценци.

Викторија Јованова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Битолчани на втор протест против изградба на Регионална депонија во Новаци

Дејан Дејан

22 годишно момче, втор пациент кој се лекува во странство, попладнево слета на скопскиот аеродром

Дејан Дејан

Куќен притвор за двајцата поранешни градоначалници на Кочани и директорката на ДПИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе