Свет Топ вести

Руските доктори ги побиваат тврдењата на лекарите во Берлин дека Навални е отруен

Руските доктори ги побиваат тврдењата на лекарите во болницата „Чарите“ во Берлин, каде сега се лекува главниот руски опозиционер Алексај Навални, кој се уште се наоѓа во индуцирана кома. Откако лаборсториски наоди во Германија укажаа на присуство на отров во организмот, главниот токсиколог во болницата во сибирскиот град Омск, Александар Сабајев, тврди дека во крвта на Навални за време на прегледот во Омск не биле откриени инхибитори на холинестераза. Односно, широк спектар од неколку супстанци од пестициди и нервни агенси, потврдени во седум различни лаборатории.

Таму денеска пристигна и неговата сопруга Јулија Навалнаја. Германската канцеларка Ангела Меркел, која лично му понуди помош за лекување на Навални рече дека со оглед на неговата „истакната улога во руската опозиција, властите таму итно се повикани да го истражат овој злостор до детал и целосно транспаретно“. Маеркел рече дека „одговорните мораат да бидат идентификувани и да одговараат“.

Нашето барање останува, бидејќи постои многу сериозен сомнеж, имено се сомневаме во труење. Тоа мора да се истражи во целост транспарентно до последниот детал. Но засега сакаме да причекаме и да ги видиме сознанијата на лекарите, рече Штефен Зајберт, портпарол на Ангела Меркел.

Го лечевме пациентот и го спасивме, тврди во ставот лекарите во Омск. На новинарски прашања тие одговараат дека немало никакви надворешни влијанија во третманот на пациентот, но сепак без одговор за тоа кои биле мажите во цивилна облека кои биле во болницата, за кои се шпекулираше дека се агенти на безбедносните служби.

  • Кои беа луѓето во цивилна облека и што работеа во вашата болница?, прашува новинарот.
  • Не можам да ви кажам кои беа, одговори Александар Муркхавски, главен доктор во болницата во Омск.
  • Значи вие како главен доктор тоа не го знаете?
  • Имаше многу луѓе во мојот кабинет. Како што веќе кажав пациентот е политичка личност. Не можам да кажам дека тие направиле било што. Тие само дојдоа, проверија се и си заминаа. Само се распрашуваа, тоа е се, рече Александар Муркхавски, главен доктор во болницата во Омск.

Во меѓувреме и порпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков негираше дека претседателот Владимир Путин стои позади наводниот напад врз Навални од страна на разузнавачките служби. Но, сепак беше дециден дека ако се потврди дека имало труеше секако дека ќе има истрага.

-Ако се открие супстанција и ако се утврди дека е труење, тогаш секако ќе има причина за истрага, рече Дмитриј Песков, порпарол на Владимир Путин.

Изјавата на Песков следи откако министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел побара независна истрага и откривање кој стои зад труењето на Навални.

На Навални му се слоши за време на летот кон Москва, после сомневањата дека бил отруен на аеродромот во Томск, каде пиел зелен чај.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Додека ВМРО-ДПМНЕ е стабилно на 59 мандати, СДСМ и ДУИ се тркаат за еден мандат

Дејан Дејан

Касами – Од утре ги почнуваме преговорите за влада со ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ слави на плоштад, за Мицкоски гласачите ја ослободиле Македонија

Сашо Чавдаров

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе