Свет Топ вести

Трамп: Ова е историски ден во борбата против коронавирусот

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ФДА итно ја одобрила употребата на крвна плазма на излекувани пациенти со Ковид-19 во третманите со заразените со коронавирус.

На вонредна прес-конференција, Трамп ова го нарече „историска пресвртница во борбата против коронавирусот“.

-Ова е навистина историски ден. Станува збор за моќна терапија која овозможува трансфузија на многу силни антитела од крвта на оздравени пациенти за да им помогнат на пациентите кои се борат со инфекцијата. Резултатите покажуваат дека овој третман е исклучително успешен, рече Трамп и ги повика луѓето кои се излекувале од Ковид-19 да даруваат крвна плазма.

Третманот вклучува пренесување на антитела од оздравен пациент врз пациент заразен со Ковид-19.

Белата куќа претодно соопшти дека претседателот Доналд Трамп ќе објави „голем пробив во третманот на коронавирусот“, пандемија од која во САД веќе умреа повеќе од 176.000 луѓе, а заразени се речиси 5,7 милиони лица – повеќе од било која друга земја во светот, наведува „Гласот на Америка“.

Ден претходно Трамп, без никакви докази, ја обвини „длабоката држава“, односно „луѓето во сенка“ во американската Агенција  за храна и лекови дека „им отежнуваат на фармацевтските компании да најдат луѓе за тестирање на вакцините и третманите“. Трамп на Твитер дури тврдеше дека официјалните претставници на ФДА „очигледно се обидуваат да го одложат наоѓањето одговор на вирусот до после изборите, на 3 ноември“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

ОДИХР: Компетитивни и мирни избори, но полни со националистичка реторика и етнички поделби

Дејан Дејан

Голем протест во Шведска, Израел не посакуван на евровизија , меѓу демонстрантите и Грета Тунберг

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе