Свет Топ вести

Протести во Висконсин откако полицијата застрела невооружен Афроамериканец

Во градот Киноша, во американска сојузна држава Висконсин, вчера избувнаа протести откако полицијата застрела невооружен Афроамериканец, поради што локалните власти воведоа полициски час.

Жртвата е идентификувана како Џејкоб Блејк, црнец од Киноша, кој во сериозна здравствена состојба е  хоспитализиран со повеќе рани од огнено оружје.

Гувернерот на Висконсин, Тони Еверс, ја осуди прекумерната употреба на сила од страна на полицијата и побара таа во иднина да постапува со помалку агресија кон црнците во Висконсин, пренесуваат британските медиуми.

Засега не е позната причината заради која полицијата го застрела Блејк, но целиот случај го истражува Секретаријатот за правда во Висконсин.

На видео снимка што кружи на социјалните медиуми се гледа како Блејк се приближува кон возило и како полицајците пукаат во него додека ја отвора вратата од автомобилот.

Голем број огорчени граѓани набрзо излегоа на улиците во Киноша, гаѓајќи ги полицајците со молотови коктели и тули, а набргу потоа во градот беше прогласен полициски час.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

ОДИХР: Компетитивни и мирни избори, но полни со националистичка реторика и етнички поделби

Дејан Дејан

Голем протест во Шведска, Израел не посакуван на евровизија , меѓу демонстрантите и Грета Тунберг

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе