Свет Топ вести

Лукашенко со панцир и калашников демонстрираше сила, Хајко Мас го повика на совесност

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, чија земја преседава со ЕУ, го повика претседателот на Белорусија Александар Лукашенко да ја препознае стварноста која се случува во неговата земја по масовните домонстации, кои влегоа во третата недела по спорните избори на 9-ти август. Мас ја повика и Русија да го искористи своето влијание врз Лукашенко и упати апел кон власта да не употребува сила и да ги почитува правата на демонстрантите.

Г-нот Лукашенко мора, после овој изминат викенд, полн со демонстрации кои ги видовме, да ја согледа стварноста која се случува на улиците на неговата земја, но и стварноста во главите на луѓето во оваа земја. Значи, уште еднаш, нашиот итен повик не е да се употреби сила и да се поддржат правата на демонстрантите. Денеска се договоривме да останеме во близок контакт во врска со случувањата во Белорусија, рече при посетата на Украина, Хајко Мас, министер за надворешни работи на Германија.

САД и ЕУ ги повикаа белоруските власти на дијалог со опозицијата, а МАС смета дека дијалогот треба да го покрене ОБСЕ. За Лукашенко демонстрантите се марионети упавувани од странство, кои имаат поддршка од САД. Тој вчера додека траеја едни од масовните протести во центарот во Минс со хеликотер слета во својата резиденција.

Државната радио телевизија го емитуваше видеото на кое се гледа Лукашенко облечен во панцир со пушта од типот калашникот в рака, како се поздравува со специјалците. На оружјето не беше видлива муницијата, што сугерира на тоа дека Лукашенко кој негува аура на мачо маж, има за цел да демонтрира сила. Останува непотврдено дали со овој хеликоптер потоа и ја напушти својата резиденција, додека повеќе од 250.000 луѓе се собраа на централниот плоштад во Минск. Тие маршираа кон Палтата на независноста, каде беа соочени со спацијалците, кои ги чуваа канцелариите на Лукашенко.

Многумина чекаат брзи резултати и брзи акции. Но брзите акции секогаш водат до крв. Ве молам, потребен ни е еден месец, два месеци. Шти подолго (протестираме), повеќе ќе ги умориме. Ќе сфатат, како што им покажавме денеска со нереди и внатрешни воени сили дека ние не сме 3%, туку 97%, рече Јегор Фатиков, демонстрант.

Опозициската кандидатка Тихановскаја очекува наскоро да почнат преговори со власта на Лукашенко. Таа веќе изјави дека нема повторно да се кандидира доколку се распишат нови избори, но не исклучува тоа да го стори нејзиниот сопруг, кој се уште е во затвор.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски пораз на СДСМ, не и најголема победа на ВМРО-ДПМНЕ

Западните сили ризикуваат глобален судир, никому нема да дозволиме да ни се заканува – Путин на 79-годишнината од победата над фашизмот   

Дејан Дејан

ЕУ се наоѓа во критичен период во процесот на интеграции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе