Македонија

Се уште е неизвесна иднината на депонијата Русино

Со Швајцарскиот проект, кој заглави во административните процедури, се предвидува бавно затворање на депонијата Русино, во период од 8 до 10 години. Градоначалниците на полошките општини се согласија членовите на Граѓанската иницијатива „Стоп Русино!“ да имаат удел во донесувањето на одлуките. Од таму велат дека блокадата останува се додека не донесат конечни одлуки кои ќе бидат нивнте следни чекори.

На блокадата на депонијата Русино, се пропуштаат само возилата на гостиварското комунално претрпијатие. Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари вели дека има притисоци од неколку општини кои сакаат да ја користат депонијата.

Во текот на следнава недела од Иницијативата ќе организираат јавна дебата на која ќе се земат предвид и мислењата на граѓаните на Гостивар и околината.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бебе продадено за 500 евра, кривична за шест лица за трговија со дете

Kristina Kuzmanovski

Намален бројот на работници во индустријата

Kristina Kuzmanovski

На одбраната не и беа презентирани докази за основано сомневање – адвокатката на Богоев најави жалба на притворот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе