Економија

Народна банка: Одлуките кои го носиме да не се ставаат во политички контексти

Народната банка ги повикува сите субјекти да ги почитуваат нејзината самостојност и независност, а одлуките кои го носи да не се ставаат во политички контексти. „Народната банка е институција со уставно и законски гарантирана самостојност и независност, којашто при остварување на своите законски утврдени цели и задачи се води исклучиво од законите, притоа штитејќи го интересот на граѓаните„ се вели во соопштението од Кабинетот на гувернерката на Народната банка, Бежоска по реакциите за затворањето на Еуростандард банка.

Поранешниот претседател на Управниот одбор на Еуростандард Николче Петкоски демантира дека тој е виновникот за губењето на дозволата на банката како што објавиле сопствениците Костовски и тврди дека причина за пропаѓањето е што акционерите не биле способни да ја следат банката во нејзиниот раст.

Министерката Нина Ангеловска повторно ги демантираше дека нејзините средства ги префрлила во други банки или дека ги повлекла поради ситуацијата на банката. „Вистината е дека пред стапување на функцијата министер за финансии, овие мои лични средства, заработени пред да станам министер и уредно пријавени, беа наменети за бизнис инвестиции, а по стапувањето на функцијата, откако моите деловни активности ги ставив во втор план, дел од овие средства одлучив да ги искористам да го решам станбеното прашање, односно да купам сопствен стан со оглед на тоа што живеев под кирија“, објаснува Ангеловска и додава дека единствено надлежна за супервизија на банките е Народната банка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата ќе се намали, ако стигне понуда за поевтин мегават од сегашните 58 евра на ЕСМ

Дејан Дејан

Нови намалени цени на горивата од полноќ

Дејан Дејан

Во одредени професии недостигаат кадри

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе