Економија

НБРМ: Ги презедовме сите мерки за заштита на депонентите на Еуростандард банката

Народна банка ќе ги преземе сите расположливи правни средства против сопствениците на Еуростандард банка за невистините и клеветите по донесување на Решението за укинување на дозволата за основање и работење на Банката, соопштија денеска од НБРМ, без притоа да прецизираат што подразбира тоа.

Бизнисменот Трифун Костовски како главен акционер на Еуростандард банка вчера обвини дека случајот е „сценарио коешто е правено со месеци наназад за никој да не знае, а само блиски до тие кругови од Народна банка на време биле известени да си ги повлечат парите“ и најави тужба против државата и НБРМ пред меѓународен суд.

Од НБ денеска повторија дека сите мерки кои ги имаат преземено кон Еуростандард банка за заштита на депонентите на банката и уверуваат дека банкарскиот систем е и останува стабилен и сигурен како и сите други банки и штедилниците.

Народната банка исто така укажува дека сопствениците имаат законска обврска да обезбедат капитал за покривање на загубите на банката. Банкарскиот систем  е  во одлична кондиција, при што сите банки се подготвени да одговорат на потребите на населението и компаниите, соопшти Македонската банкарска асоцијација по пропаѓањето на Еуростандард банката. Потенцираат дека пензионерите и корисниците на парични права треба само да појдат во банка каде што веќе имаат активна сметка или да отворат нова сметка во банка и не е потребно да побараат одјава. Банките и штедилници се отворени и за рефинансирање и на кредитите на клиентите на „Еуростандард банка“. Со соопштение се јави и Комерцијална банка дека нема побарувања од Еуростандард банка и нема хипотека на зградата.

“Точно е дека компанијата Гофи користи долгорочен кредит од Комерцијална банка во износ од околу пет милиони евра. Побарувањето на Комерцијална банка по овој кредит е обезбедено со т.н. зграда на Поштенска банка и со дел од зградата Палата Македонија. Зградата на Еуростандард банка не е под хипотека во Комерцијална банка, како што можеше да се стекне впечаток од изјавите дадени на вчерашната прес-конфереција, се наведува во соопштението на Комерцијална банка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата ќе се намали, ако стигне понуда за поевтин мегават од сегашните 58 евра на ЕСМ

Дејан Дејан

Нови намалени цени на горивата од полноќ

Дејан Дејан

Во одредени професии недостигаат кадри

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе