Свет

Нови мерки во Грција за спречување на ширењето на Ковид-19

Ограничено работно време на угостителските објекти, кафулињата, ноќните клубови во повеќе делови на Грција, меѓу кои и во Атина, рестриктивни мерки на островите Парос и Андипарос, дозволени најмногу 50 лица на јавни настани и собири во областите со голем број позитивни случаи, се дел од седумте нови мерки на грчката Влада за спречување на дополнителното ширење на коронавирусот што денеска ги соопшти заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, јави дописничката на МИА од Атина.

Новите мерки биле донсени на денешниот состанок што Мицотакис го одржа со надлежните министри и епидемиолози, а по препорака на експертите и ќе бидат во сила до 24 август.

Хардаљас рече дека последните податоци покажуваат раширеност на коронавирусот на одредени туристички дестинации.

Во областа Атика, како и околните острови што припаѓаат на конкретнат периферија, угостителските објекти, кафулињата, ноќните клубови и слично забрането е да работат од полноќ до 7 часот наутро, мерка што веќе е во сила во одредени делови на Грција.

Посебни мерки се воведуваат на островите Парос и Андипарос, каде што исто така ќе важи забраната за работа од полноќ до 7 часот наутро за угостителските објекти и кафулињата, на маса дозволено е да седат најмногу четири лица, а дополнително, забранети се и собирања на над девет лица.

Во областите источна Македонија и Тракија и Атики, во градовите Солун, Лариса, Волос, Катерини, како и на остовите Крф, Крит, Миконос, Парос, Санторини, Родос, Андипарос, Закинтос и Кос на јавните или општествените собири и настани дозволено е присуство на најмногу 50 лица.

Маската, освен во сите затворени простори и на отворено каде што не може да се одржи потребното растојание, сега е задолжителна и во просторите каде што има голема концентрација на луѓе, како што се касарни, бегалски кампови и слично.

Дополнително, Хардаљас рече дека се препорачува, сите оние кои се враќаат од одмор, од дестинациите каде што има зголмен број на заразени, да носат маска една седмица.

Во пресрет на утрешниот празник Пресвета Богородица, заменик-министерот за цивилна заштита на Грција упати апел и во црквите да почитуваат мерките.

Паралелно истакна дека следните денови се клучни за текот на пандемијата во Грција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најмалку девет луѓе се убиени во израелските напади во јужен Либан

Igor Trajkov

(Видео) Ирански дронови го нападнаа аеродромот во Кувајт – едно убиено лице, над 60 повредени

Igor Trajkov

Генерален 24 часовен штрајк ја парализира Португалија

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе