Македонија Топ вести

Пропадна и вториот тендер за уривање на дивоградбата пред Мавровка

Никој не се нафаќа да ја урива дивоградбата пред Мавровка. И на вториот тендер  ниту една фирма не се пријавила да урива дивоградби во општина Чаир.  Што ќе биде следниот чекор на општината, од кабинетот на градоначалникот Ганиу, велат ќе се одлучува во понеделник на состананоци, но потнецираат дека не е нивна вина што никој не се пријавил. Велат во тендерот не ставиле никакви посебни критериуми кои би ограничиле кои фирми да се пријавуваат.

Општина Чаир: И на втората постапка за јавна набавка не поднесе понуда ниту еден економски оператор. Одделението за јавни набавки и комисијата за јавна набавка во понеделник ќе одржат состаноци за да ги разгледаат законските можности за понатамошно постапување согласно законот за јавни набавки.

Градителот на дивоградбата се уште го носи епитетот мистериозен . По известувањата кои полицијата ги испрати до обвинителството за тоа што преземале во врска со овој случај, обвинителите побарале дополнителни информации но до сега не добиле одговор ниту кој се сопственик на земјиштето ниту кој е инвеститор, велат  од скопското обивнителство. Од МВР пак бараат и чекаат податоци од други институции за да му одговворат на обвинителство.

МВР: По издадената Наредба од ОЈО СКОПЈЕ, од страна на СВР СКОПЈЕ, веднаш е постапено,  преземени се соодветни мерки и активности и до надлежните институции на кои што се однесуваат барањата во Наредбата, доставени се Барања за достава на податоци. По добивање на бараните информации веднаш истите ќе бидат доставени до ОЈО Скопје.

Претходно за Телма од министерството за транспорт и врски рекоа дека не се надлежни за постапката за уривање на дивоградбата и дека тоа е под ингеренции на локалната власт  а за евентуалното одземање на надлежностите ќе чекаат на предлог од  Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам. Од инспекторатот пак рекоа дека нема ништо спорно во работата на градежниот инспектор на Општина Чаир и нема основ да бараат одземање на надлежностите.

 Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонските шуми се сечат безмилосно- од пилите на дивите сечачи годишно се оголуваат 20 до 25 илјади кубни метри

Дејан Дејан

(Видео) Пламна куќа во близина на Универзална сала

Дејан Дејан

Детето кое нападна ученици и наставничка да биде испишано – родители на деца од ОУ „Димо Хаџи Димов“ со петиција до МТСП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе