Македонија Најважни

Заев доби мандат за составување Влада

Влада која ќе го следи европскиот пат, во целост ќе ги почитува договорот со Бугарија, Преспанскиот и Охридскиот договор, ефикасна Влада која ќе се справува со пандемијата на Ковид 19 и ќе работи на обезбедување повеќе пари, подобри услуги и подобар живот за сите граѓани. Ваква ќе биде програмата на Владата, што мандатарот Зоран Заев има намера да ја состави за помалку од 20 дена. Претседателот Стево Пендаровски го стартуваше уставниот рок, доверувајќи му го мандатот на лидерот на Коалицијата Можеме, која освои најмногу пратенички места.

СДСМ се уште нема поддршка од мнозинството пратеници. Преговорите со ДУИ се отежнати од барањето премиер-албанец. Како победник на овие избори, Заев смета дека тој треба да ја предводи Владата во целиот четиригодишен мандат.

И Али Ахмети не е попрецизен на прашањата поврзани со ротирачко претседавање со Владата. Повикува во преговорите за Влада да надвладее  разумот и грижата за интересите на граѓаните.

Заев и Ахмети веќе имаа неколку средби. Последната беше во понеделникот, кога не постигнаа договор бидејќи ДУИ инсистира на поголем дел во поделбата на извршната власт, но и на премиерската функција во првата година од четиригодишниот мандат.

 Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Десетина граѓани се пожалиле кај Омбудсманот за повредено избирачко право

Дејан Дејан

Најголема излезност до 15 часот има во Новаци и Крива Паланка, најмалку во Пласница и Центар Жупа

Дејан Дејан

Одѕивот до 13 часот е околу 20 проценти – мирен изборен ден во Струмица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе