Вести Македонија Топ вести

Приближување има, но премининарен договор меѓу СДСМ и ДУИ засега нема

Прелиминарен договор меѓу СДСМ и ДУИ за мнозинство во Парламентот и идна Влада сеуште нема. По вчерашната средба Николовски – Груби беше лиферувано заедничко соопштение дека е постигнат договор. Сепак лидерот на партијата, Зоран Заев, за Телма, вели дека прелиминарен договор нема и уште еднаш повика на воздржаност и разбирање кога станува збор за преговорите за мнозинство и Влада, средбите на работните групи и на лидерите на партиите.

„Јас молам за разбирање. Навистина е потребно. Не е точно дека имаме прелиминарен договор“, изјави за Телма, лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Средбите и разговорите продолжуваат и останува да се види дали двете партии, поранешните партнери во Владата повторно ќе соработуваат. И СДСМ и ДУИ не откриваат во која фаза се преговорите, дали има и кои се евентуалните проблематични прашања кои влијаат врз процесот.

Вчерашниот заеднички партиски став кој беше испратен по средбата е дека се согласни за прочиствување во правосудството, проверка на потеклото на имот, неопходноста од кавлитетни и отчетни кадри, социјална кохезија, силно и толерантно општество, владеење на правото и спротиставување на сите форми на национализам и омраза како и почитувањето на Охридскиот договор и договорите со соседите.

ВМРО – ДПМНЕ ги повика СДСМ јавно да објават со кого го имаат договорено мнозинство.

Оттаму не откриваат дали ќе продолжат средбите на Мицкоски и Ахмети и дали сега фокусот ќе го насочат кон преговори со Алијансата за Албанците а Арсовски кажа дека пријателските односи и комуникации со сите партии продолжуваат.

Од Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива велат дека нивните ставови се јасни, а заедно со ДУИ би учествувале во Владата само доколку премиер е Насер Зибери. Тие продолжуваат со преговорите за евентуално учество во идното мнозинство и Влада.

Роковите за формирање на парламентарно мнозинство течат а со тоа и преговорите ќе добијат на интензитет. Според Уставот, претседателот Пендаровски е должен во рок од 10 дена од конституирањето на законодавниот дом,односно до петок, да го довери мандатот за состав на Владата на кандидат на партијата, односно партии што имаат мнозинство во Собранието.

 

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Еден од најбараните американски бегалци Мојзес Теџада уапсен во Ватикан

Дејан Дејан

Притвор за зетот на Заев и разрешување на стечајниот управник на неговата фирма – барање на адвокати на австриска фирма која побарува над 4 милиони евра

Дејан Дејан

Овошје и зеленчук, реновирање, авионски карти со најголемо поскапување, зејтинот, мастите и природниот гас најмногу поевтиниле-Што ја скрои годишната инфлација од 4%

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе