Македонија Топ вести

Цистерната со експлозивниот Винилхлорид од ОХИС заглави во Скопје до другиот март заради коронавирусот

14 тони опасен и експолизвен винилхлорид, остаток од хемискиот гигант Охис остануваат во фабричкиот двор до наредната година. Скопје требаше да се ослободи од темпираната бомба најдоцна до 31.март, но германските специјалисти не сакаат да се нафатат да го уништат додека трае пандемијата. Наместо овој март да оди на уништување во Германија, собранието на доверители на загубарот ОХИС изгласало фирмата „Екоцентар – 97“ да добие уште една година грејс период за да ја заврши обврската.

Дека на Скопје нема да му случи катастрофа како во Бејрут заради летните горештини, стечјаниот управник побарал до надлежната компанија дополнителнао да набави безбедносна опрема.

Последните 20 години цистерната е заборавена и зафрлена пред фабричката зграда. За безбедноста на градот изминатите 15 месеци се грижат фирмата „Eкоцентар 97“ која го доби милионскиот договор за да острани 17 опасни и отровни хемикалии, едно лице од обезбедувањето и системот за разладување кој никако не смее да попушти.

Во Бејрут изби пожар кој го детонираше нитратот, на скопскиот винилхлорид му е потребна само атмсоферска температура повисока од 25 целзисуови степени.

Од надлежнотот минситерстово реагираат дека не треба да се прават споредби со хемикалијата која го разори Бејрут и цистерната во ОХИС, со одговор дека заради летните температури таа мора да остане во Скопје.

Во моментов, согласно препораките добиени од страна на консултаните од нашата земја и од странство, како и од компанијата преточувач Curium S.A.S., Montagny, France во наредните 2 (два) до 3 (три) месеци нема да има можност да биде направено преточувањето, од безбедносен аспект поради високите температури кои се актуелни во летниот период, нагласија од Министерството.

Фирмата со која управува Владо Момировски за прв пат работи со опасни материи, затоа ангажирале партнери од Бугарија и Србија. Прво го остранија отровниот хлор, а триста буриња со други хемиклија заминаа на уништување. По, инцидентот со истекувањето на вода со метил акрилат јавноста дозна дека ОХИС бил средиште на отровни хемикалии, а „Eкоцентар 97“ заработи казна од 3.000 евра.  Дел од ОХИС се продаде, сеуште во исечкување меѓународна компанија да се нафати да го острани отровниот Линдан, напластен и покриен со земја на неколку метри до фабричката ограда и околните куќи.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Досега он-лајн за гласење на изборте во СДСМ се пријавиле 6.000 члена, се пребројуваат пријавите на хартија

Дејан Дејан

Во прилепскиот регион на големо се прави ископ на минерални суровини без дозвола, експертите бараат да се спречи грабежот на домашното богатство

Дејан Дејан

Прекумерното растење на алгите, најголем проблем за Дојранското езеро

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе