Македонија Топ вести

Утре ќе се знае кој се пријавил на огласот да ја урива дивоградбата кај „Мавровка“

Дивоградбата кај „Мавровка“ ќе почека уште најмалку еден месец пред машините да удрат по столбовите и плочата коишто веќе се изградени.

Општината неделава ќе соопшти дали некоја фирма се пријавила на тендерот за уривање бесправни објекти.

Чаир има обврска да го урне објектот откако фантомскиот инвеститор не го испочитува рокот сам да се пријави и да ја урне градбата којашто отпочна да ја гради на своја рака без да поседува градежна дозвола.

Општината бара фирма која со багери и камиони ќе урива и други дивоградби за најмалку еден милион евра.

„Утре е јавното отворање на понудите и по изборот на економскиот оператор ќе се пристапи кон уривање на објектот. Во зависност од текот на набавката и сите фази на постапката истата би требало да заврши во период од 30 дена“ велат од Општина Чаир.

Рокот кој Општината му го даде на инвеститорот сам да го урне бетонското здание веќе е изминат.

Во тендерот за уривање од страна на Општина Чаир се наведува дека цената е главниот критериум за избор на најповолната понуда.

Сега местото треба да се врати во првобитната состојба бидејќи не постои начин да се легализира тоа што се гради – информираа уште претходно од општинските служби.

И додека дивоградбата кај „Мавровка“ од почетокот на јули им е обврска на надлежните институции – една од нив, Општината Чаир се уште не информира уште колку други вакви бесправни објекти чекаат тендер за да бидат урнат.

Доколку Општина Чаир не ги спроведе законските обврски, идната Влада може да им ја одземе ингеренцијата и обврската за уривање да ја предаде на Државниот градежен инспекторат.

И Обвинителството се уште не открива кој е инвеститорот, иако отвори предистражна постапка и заедно со полицијата побара од Катастарот информации за сопствеништвото на парцелите пред трговскиот центар „Мавровка“.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бектеши: Со вакви ултиматуми од ВМРО-ДПМНЕ преговорите со ВРЕДИ ќе пропаднат

Дејан Дејан

Заев, Русковска, Спасовски на листата од 32-ца за кои Боки 13 поднесе кривична пријава

Дејан Дејан

Ѓорчев: СДСМ и ДУИ заедно владееа, заедно треба да одат во избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе