Вести Македонија Топ вести

Три години и шест месеци затвор за екс претседателот на Кривичен, Панчевски

Три години и шест месеци затвор за поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, за злоупотребите на АКМИС системот.

Во десетчасовната судска расправа во Основниот суд во Велес доцна вечерва во 20:30 часот заврши расправата. Обвинетиот Владимир Панчевски во завршниот збор кажа дека јавниот обвинител не бил запознат со целата материја со која го води предметот, бидејќи имало грешка на АКМИС, а јавниот обвинител не го видел тоа.

-Се работи за крајно тенденциозно и концентрирано обвинение на Обвинителството каде обвинителството шири непознато лице без да каже чии права и како се повредени, а самиот „тој друг“ не ни знае дека му е повредено некакво право, бидејќи не видовме изјава од странките или да покренале постапка за заштита на ова право кое го знае само обвинителот, рече Панчевски.

Судењето го следеше Билјана Николовска. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе