Вести Македонија Топ вести

Старо-новите пратеници влегоа во Собранието

Никој денеска во Собранието не смееше да влезе без маска. На влезот се мереше температура, па се дезинфицираа раце. По ходниците предупредувања за дистанца, строги безбедносни проверки. По пет месеци, ново-старите  пратеници седнаа во нови клупи, во најголемата сала која порано се користеше само за свечености. Најмладиот пратеник има 23 години, а најстариот 72. Тројца партеници не се појавија на седницата, Арбр Адеми од ДУИ, кој има Ковид-19, Мендух Тачи од ДПА и Александар Вељановски од коалицијата За обнова на Македонија.

Пред седницата, оперската певица Весна Гиновска-Илкова ја испеа химната. Гласаа со подигање на зелени, црни и жолти картони. Ако денот се познава по утрото, ова нема да биде послушно Собрание. Претседавачот ги замоли, поради безбедност, завреме на полчасовната пауза, да останат на своите места и да се запознаат, сите станаа и си излегоа, без да почитуваат дистанца. Се насетува и дејствувањето на пратениците од Левица, кои гласаа  воздржано дури и за дневниот ред. Но, затоа го поддржаа заклучокот на верификационата комисија која им ги потврди мандатите.

По завршувањето на седницата, претседателот на СДСМ им се заблагодари на гласачите и вети независен Парламент.

Мицкоски, пак, не верува дека некој од пратеничката  група на ВМРО ДПМНе и коалицијата ќе премине во другиот табор и покрај тоа што, како што вели, им бил нуден поткуп.

Денеска не беше избран нов претседател на Собранието, ниту членови на Комисијата за избори и именувања. Тоа ќе се случи тогаш кога за тоа ќе се создадат услови, односно ќе се обезбеди потребното парламентарно мнозинство. Дотогаш ќе претседава Џафери, а негови заменици се Горан Мисовски и Флорим Бесими.

 

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе