Македонија Топ вести

Измами со ваучерите за туризам

„Купувам – продавам ваучер за туризам.“ Вакви објави деновиве можат  да се видат по социјалните мрежи. Владините ваучери „наидоа на пазар“ меѓу граѓаните, a ваквите обиди за злоупотреба треба да одолеат угостителите, кои не смеат во своите апартмани и хотели да примаат гости со ваучери на туѓо име. Освен ако тој што го добил ваучерот не е со него, без разлика дали се семејство или друштво кое пошло заедно на одмор. Водејќи се по списокот на фирми кои работат со ваучери Телма се обиде да резервира соба во неколку градови во земјава, но без да го открие идентитот на соговорниците. Во еден од хотелите ни објаснија колку дена може да престојуваме во хотелот за 6000 денари,  но со пропуст дека ќе не примат со ваучер кој не е на наше име.

Дел од угостителите, пак, ја одбија нашата понуда која не соодвестува со правилата од уредбата – со одговор дека  се предупредени да не примаат гости со туѓ ваучер.

Пазарната инспекција минатата недела поднела три кривични пријави поради измами со ваучерите за туризам, две во Охрид и една за објект во Струга. А, пазарните инспектори и денеска се на терен.

Инаку ,целата листа на угостители кои работат со ваучер може да се најде на страницата Дома Си е Дома. До сега искористени се над 7.000 ваучери, најмногу во Стуга и Охрид , а близу 100.000 граѓани од државата добија пари за одмор , кои можат да искористат сместување до крајот на годината.

Теодора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицотакис кажа дека изјавите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои победија на изборите се следат со загриженост

Дејан Дејан

Борба за „пратеник-плус“ и вкупно 27 приговори за изборите поднесени до ДИК – роковите течат, набрзо ќе се одлучува

Desk

Најавата за задолжување на Македонија со  кредит од  милијарда евра за експертите е загрижувачки потег

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе