Вести Култура Топ вести

Финансиска полиција ќе ја истражува обновата на Албанскиот театар

Финансиската полиција ќе ја истражува реконструкцијата на Албанскиот театар. За обновата на објектот , наместо планираните 8, беа потрошени околу 10, 5 милиони евра, со пробиени рокови на градежните зафати од 1 на 6 години. За случајот предистражна постапка  во 2018 водеше СЈО, а со неговото згаснување предметот го превзема ОЈО. Од УФП информираат дека сега ќе постапат според насоки на Обвинителството.

Известени сме и имаме насоки за постапување, добиени од Основното јавно обвинителство. Управата за финансиска полиција ќе постапи согласно своите надлежности и за констатациите ќе го извести Обвинителството.Предметот е во предистражна постапка и во овој момент не би можеле да споделиме повеќе информации.

За реконструираниот Албански театар се жалеше в.д. директорот Илбер Муртези. Според него, покривот протекува повеќе од порано, па интервенираат со кофи и буриња. Кога врне, дождот паѓа на големата и на малата сцена и постои ризик актерите да работат, зашто водата тече близу електричната инсталација. Обновениот Албанскиот театар беше отворен кон крајот на 2019, без најава во медиумите. В.д. директорот рече дека примопредавањето е неизвесно зашто е недостапен сопственикот на подружницата на италијанската фирма Шенција, која го обновуваше театарот,  со склучени 9 анекс договори. Од „ Шенција“ одговараат дека и панатаму стојат на располагање и дека техничниот прием е извршен на 15 јануари годинава.

Нема никакви технички забелешки и нерегуларности кон нас, со кои би се довеле во прашање техничкиот прием и употребата на објектот.Финализирањето на техничкиот прием е исклучиво врзано со активности кои не се на ниеден начин поврзани со нас, соопштија од ДОО Шенција.

Од комисијата при Министерството за транспорт и врски рекоа дека предметот еднаш бил вратен поради пробиените рокови за обнова, заради нестручно водената тендерска постапка од претходното раководство на театарот. Затоа од ресорот Култура ги повлекле последните 50 илјади евра од планираниот буџет за обнова , па за сега нема нови за санација на покривот.

Продадена на „Шенција“, подружницата на италијанската фирма Ламоне Мореда , која почна да ја врши обновата на Албанскиот театар, но отиде во стечај и поништен тендер со избран најповолен понудувач заради необезбедени сретства на време , се нотираните противзаконски дејства во анализата за реконструкцијата, направена од комисија при ресорот Култура во 2018, со која претседаваше Слаѓана Тасева од „ Транспаренси Интернешнал“.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Величковски: Правникот знае дека преземањето должност во непостоечка држава “Македонија” значи “преземање” на непостоечка должност

Дејан Дејан

Путин го разреши министерот за одбрана Шојгу

Дејан Дејан

Радев со остро предупредување: Нема да се ревидираат договорите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе