Култура Топ вести

Девастиран гробот на Ѓорги Абаџиев со години заборавен од надлежните

Писателот, историчар и борец за макендската кауза, Ѓорги Абаџиев, почина на денешен ден, пред 57 години. Но, семејството кое  денеска отиде  на неговиот гроб , во „ Бутел“, да одржи помен за нивниот татко и дедо, со години се судира со грдата слика. Скршена е половина од надгробната плоча од почивалиштето на Ѓорги Абаџиев, кое се наоѓа во алејата на великаните. Семејството е немоќно да превземе било што.

Приватните сопственици на АД Бутел, не дозволуваат да се интервенира врз гробот. И покрај тоа што ние бевме спремни сами да го платиме сето тоа. Ги вратија работниците. Ние се обративме неколку пати до директорот. Меѓутоа , тој ништо не направи во таа смисла, вели соња абаџиева, ќерка на ѓорги абаџиев.

Гробот на Абаџиев го разградуваат корени од липово дрво, што се наоѓа тука и ја кршат надгробната плоча. Но неговиот, не е единствен девастиран гроб. Ги има повеќе на истакнати личности од политичкиот и културниот живот и веќе не се препознаваат чии се, вели Соња Абаџиева. Таа е незадоволна од односот на надлежните, зашто смета дека тој дел од гробиштата го заборавиле. Испратиле писмо и до Град Скопје, но веќе една година чекаат одговор.

Од  АД Бутел за Телма велат дека немаат ингеренции за било каква интервенција зашто Абаџиев почива во алејата на великаните, а за тоа е надлежен Град Скопје. А, од Градот за Телма потврдија дека добиле барање од семејството на познатиот лектирен писател и дека наскоро ќе започне санацијата. Ќе се реставрира не само гробот на Ѓорги Абаџиев, туку и руинираните вечни почивалишта на останатите во алејата на великаните.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Апелациониот суд Гостивар одлучи да ја укине Пресудата на тетовскиот суд за пожарот во модуларната болница во Тетово

Дејан Дејан

Земјоделците се оставени на милост и немилост на откупувачите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе