Свет Топ вести

Тинејџер ги хакирал Твитер налозите на Безос, Маск и Гејтс

Седумнаесетгодишниот Грем Кларк од Тампа, Флорида е обвинет дека хакирал повеќе Твитер налози, помеѓу кои и на најбогатиот човек во светот Џеф Безос, сопственикот на „Тесла“, Илон Маск и основачот на Мајкрсофт, Бил Гејтс.

Кларк се товари по 30 точки од обвинението за измама на повеќе луѓе ширум САД поврзани со хакирањето на Твитер налозите на познати и моќни Американци на 15 јули.

Според обвинението Кларк имал намера да ги украде идентитетите на познатите личности, за да ги наведе жртвите да му испратат биткоини. За само еден ден на Кларк му се уплатени биткоини во вредност поголема од 100.000 долари.

На мета на Кларк беше и поранешниот американски претседател Барак Обама, како и претседателскиот кандидат на демократите, Џо Бајден и Мајкл Блумберг.

Државното обвинителство ќе го процесира Кларк како полнолетен, бидејќи законот во Флорида овозможува малолетни лица да бидаат обвинети како возрасни во случај на финансиски измами.

Уште двајца мажи се обвинети пред сојузниот суд во Калифорнија за стекнување на корист од хакирање.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најмалку девет луѓе се убиени во израелските напади во јужен Либан

Igor Trajkov

Тошковски во Топ Тема откри дека неговите истражители во МВР се фрапирани од одлуката на Обвинителството да не продолжи постапката за „мазутот“

Дејан Дејан

Тошковски за наводната „шпионска афера“: Обвинителството го наруши принципот на тајност на постапката

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе