Македонија Топ вести

Истече рокот за инвеститорот – сега Општината ќе ја урива дивоградбата кај „Мавровка“

Осум дена поминаа, а не се појавија ниту мајсторите ниту инвеститорот на објектот кај „Мавровка“. Го нема звукот од алатите на мајсторите. Но, ги нема ниту машините со коишто требаше заклучно со денешниот ден да се урне започнатото.

Инвеститорот остана „фантом“ за институциите кои сега се на потег откако тој што гради не се пријави сам иако беше трагано по него и преку весник. За таа цел градоначалникот Висар Ганиу и советот за оваа и други дивоградби планираат да потрошат најмалку еден милион евра за намена „демолирање згради и собирање шут“.

Телма се обиде да стапи во контакт со градоначалникот на Чаир кој денес остана недостапен, но тој уште претходно на прес-конференција најави дека по истекување на рокот од осум дена, ингеренциите се кај неговата Општина.

Немаме ниту информации од општинските служби уште колку други дивоградби има во Чаир. Освен Општина Чаир, по инвеститорот во меѓувреме трага и Обвинителството. Полицијата го проверила катастарот под претпоставка дека преку сопствениците на парцелата ќе се најде инвеститорот. Таму нема промени на сопствениците на парцелите, а локалот „Фонтана“ изгоре уште во месец мај. Во првата недела на јули никна дивоградбата којашто нема начин како да биде легализирана.

Било какви дозволи и документи во корист на инвеститорот може самиот тој да бара откако местото ќе се врати во првобитната состојба.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претставничкиот дом на САД усвои резолуција за прекин на воените дејствија против Иран

Kristina Kuzmanovski

На одбраната не и беа презентирани докази за основано сомневање – адвокатката на Богоев најави жалба на притворот

Дејан Дејан

Сајбер насилството меѓу децата е зголемено за повеќе од 30%, на мета девојчињата

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе