Вести Свет

Рекорден број на заразени од корона вирус на сите континенти

Светот бележи нов рекорд на заболени од корона вирусот за еден ден. Вкупно 284 илјади.  Во речиси 40 држави во текот на минатата недела беа евидентирани рекорден број на новозаразени во еден ден и тоа скоро двојно од седмицата претходно, што според анализата на Ројтерс покажува дека пандемијата ги зафатила сите светски региони. Не се само најпогодени САД; Бразил и Индија, туку и Австралија, Јапонија, Хонг Конг, Боливија, Судан, Етиопија, Бугарија, Белгија, Узбекистан и Израел.

Сите овие држави беа меѓу првите кои ги олеснија мерките на физичка дистанца и поради тоа брзо се соочија со вториот бран, кој според СЗО е далеку посериозен.

Во Европа, нови жаришта се појавија во Италија. Регионот Ломбардија повторно бележи зголемен број на заболени. И Франција на ден има по илјада нови случаи. Се чини дека летото ги релаксираше луѓето, посебно младите кои продолжуваат да не ги почитуваат мерките. Ноќниот живот и забавите по диско клубовите се новите кластери, посебно во Шпанија, која тешко се опоравува од шокот поради првиот бран. Младите во Барселона сега се повеќе се разболуваат, иако со благи симптоми или се асимптоматски, поради што владата ги забрани јавните собири.

Секако ги поддржувам новите рестрикции, за економијата, за здравјето, за се. Ситуацијата е лоша и ќе стане полоша ако луѓето не се свесни за своите постапки, вели 74-годишна жителка на Барселона.

Од денеска се затворени и сите ноќни клубови на територија на цела Каталонија, што директно погаѓа седуипол милиони жители и туристи кои се охрабрија да одат во Шпанија. Но, бројот на заболени во последното деноноќие е над 900-тини, што го вклучи алармот кај надежните.

На Балканот, Белград полека ја израмнува кривата, но според епидемиолозите градот се уште е темпирана епидемиолошка бомба.

Ние сме на високо ниво, стабилизирана е таа крива, тоа единствено може да се каже. Но, одиме по самиот раб, посебно е нагласен Белград. Неколку пати кажав дека Белград е вистинска епидемиолошка бомба, затоа што има огромен број места каде вирусот наеднаш може да почне да се пренесува, вели епидемиологот и член на Комисијата за заразни болести, Предраг Кон.

Речиси во сите земји во регионот бројот на заболени се уште е троцифрен на дневно ниво. Најмногу се погодени младите луѓе кои неуморно го живеат летото. Докторите апелираат да внимаваат бидејќи болеста може долго да трае и кај младите луѓе кои немаат хронични заболувања.

 

Алиса Шутиноска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тодоров: СДСМ покажаа епохална неспособност за нормално функционирање на државата

Дејан Дејан

ОДИХР со позитивна оценка за изборниот процес сепак имаат забелешки за негативната кампања

Дејан Дејан

ДИК: Нема да има прегласување на трите гласачки места во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе