Свет Топ вести

Германија бара СЗО да ја забрза ревизијата на своето управување со пандемијата

Германскиот министер за здравство Јенс Спан ја повика Светската здравствена организација (СЗО) да ја забрза својата ревизија на управувањето со пандемијата на новиот коронавирус, што претставува знак дека Европа зазема построг став кон ова тело на ОН.

Германија моментно претседава со ЕУ, а досега имаше заштитнички став кон СЗО, која е под жестоки критики од Вашингтон, кој најави повлекување од организацијата поради отстапки кон Кина. Сега се чини дека Берлин зазема поизразен став.

Кога станува збор за повторна проценка на работата на СЗО за време на кризата, имав можност да разговарам во вторникот во Париз со директорот Тедрос Аданом Гебрејесус, како и пред две недели во Женева. И во двата разговора јасно го охрабрив да основа независна експертска комисија и да го забрза почетокот на нивната работа, истакна Спан.

СЗО минатата недела објави дека ќе формира независна комисија за проценка на управувањето со пандемијата и одговорите на владите на коронавирусот.

Гебрејесус истакна дека комисијата во ноември ќе го достави својот прв извештај до министрите за здравство, а конечниот ќе биде подготвен во мај следната година.

Спан нагласи дека извештајот е важен сега, додека пандемијата сè уште се шири низ светот, бидејќи „веќе можат да се извлечат заклучоци“.

Европските земји сметаат дека ревизијата треба да биде придружена со реструктуирање на организацијата, за што веќе се дискутирало во ОН, како и во Г7.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Путин назначи нов заменик министер за одбрана

Дејан Дејан

Полјаците бесни поради начинот на кој полскиот претседател изрази сочуство до Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе