Вести Македонија Најважни

Во Македонија гласаат само 181 бугарски државјанин

На денешните парламентарни избори во Бугарија, бугарските државјани можат да гласаат и на 7 избирачки места во Македонија. Иако на последниот попис кај нас, нешто над 3.000 се декларираа како Бугари, а бугарските власти тврдат дека се над 100.000, сепак  бугарската изборна комисија официјално објави дека за гласање во Македонија се пријавени 181 граѓанин.

Во Битола во Генералниот конзулат гласаат 8 лица, во Охрид има 7, во Велес 42 , Скопје 9, Штип 2, Струмица 22, Кавадарци 45 и најмногу 46 бугарски државјани со право на глас во Прилеп.

Од избирачкиот одбор во Прилеп, велат дека процесот на гласање  се одвива без проблеми

Апсолутно нема  никакви проблеми, ниту нешто што создава проблем. Не можам да ви дадам информација точно колу луѓе гласале, тоа се технички  податоци кои ќе ги објави Централната изборна комисија, но се гласа согласно одредбите на Законот. Можат да гласаат и луѓе кои не се на списокот и се наоѓаат на територијата на Прилеп. Тие гласаат со дополнителна декларација и личен документ, како што е предвидено со Изборниот закон, вели  Јасен Немирников, претседател на изборна секција Прилеп.

Покрај тоа што се гласа  во Дипломатско конзуларните претставништва, избирачките места низ градовите се во јавни објекти, центри за култура, трговски центри, хотели. Од избирачките одбори велат дека на овој начин, со повеќе избирачки места  се  овозможува  поголем број граѓани да го остварат своето право на глас. Униформирани полицајци ги обезбедуваат овие локации, што го забележа и нашата камера.

Во Домот на културата Марко Цепенков, во просториите на Центарот за современа уметност е избирачкото место каде може да гласаат бугарските државјани. Овде се пријавели најмногу 46. 

Од МНР велат дека до нив се доставува барање за локациите за избирчаки места

Амбасадата на Бугарија во Скопје до Министерството за надворешни работи достави информација за локалитетите во Северна Македонија, во кои ќе се овозможи гласање за државјаните на Бугарија. Според доставената информација, покрај Амбасадата на Бугарија во Скопје и Генералниот конзулат во Битола, бугарските државјани гласачкото право ќе може да го искористат уште на пет гласачки места – во Велес, Кавадарци, Охрид, Прилеп и Струмица, одговорија од МНР.

Бугарската Централна изборна комисија на својата веб страница со име и презиме ги објави оние кои се пријавија за гласање  во странство. На списоците меѓу 181 бугарски државјани во Македонија се и вработените во дипломатските претставништва, па прв на списокот во Генералниот конзулат во Битола е името на конзулот Димитар Иванов.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Левица: Пропадна можноста за суштински изборни реформи, ДПМНЕ и СДСМ си обезбедија 10 милиони евра за политичка пропаганда

Sasko Dimovski

СДСМ: Вистинската штета не се изгубените 4,2 милиони евра, туку застојот на евроинтеграциите

Sasko Dimovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, ДУИ и Левица се блокатори на Изборниот законик и на реформите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе