Вести Најважни Свет

Кремљ почна да ги мобилизира резервистите, регрутира и пратеници

Почна мобилизацијата на руските воени резервисти. Автобусите кои ги однесоа до командните центри уште утринава пристигнаа, а мажите кои беа прозвани, испратени со плач од децата и жените, мирно се качија. Одлуката на Путин да го смени текот на војната и да мобилизира триста илјади резервисти предизвика поделени мислења во земјата. Патриотите го одобрија потегот, но голем дел се исплашени и бараат карта повеќе за да ја напуштат државата. Се одржаа и протести во 38 градови. Уапсени се над 1300-та луѓе, кои според организаторите, од затворите, биле директоно регрутирани и распределени.

Повик да се мобилизираат имаат и руските пратеници, кои од првиот човек на думата добија наредба дека пратеничкиот имунитет нема да ги штити. Дел од нив реагираа дека се потребни во земјата, но дел од се веќе распределени во Донбаскиот регион, каде утре се очекува референдумското гласање. Гугл денеска регистрира дека руските жители најмногу истражувале како да си ја скршат раката, во обид да ја избегнат мобилизацијата.

Во меѓувреме, Украина денеска го слави најголемото ослободувањето на воени заробеници, од почетокот на војната. За возврат го предадоа многу вредниот украинскиот бизнисмен Виктор Медведчук, политичар и проруски соработник, но и во кумство со самиот Путин.

Верувам дека ова е голема победа, толку многу луѓе се ослободени без да ги откријат тајните. Вративме 200 луѓе, уште малку па сите, ќе ги видиме нашите момци од другата група. Можам да кажам дека можевме да го замениме Медведчук за еден наш херој од Азов, но вративме повеќе луѓе, изјави зеленски.

Размената е помогната од Саудиска Арабија и од Турција, а Москва призна дека се воделе комплексни преговори.

Како резултат на комплексниот преговарачки процес, 55 војници од Руската Федерација, од Луганската и Донбаската Народна Република се вратени синоќа од украинска територија контролирана од режимот во Киев, каде им беа загрозени животите, изјави портпаролот на руското министерство за одбрана игор конашенков.

Одлуката на Путин за мобилизација наида на жестока осуда од Западот, а ЕУ е согласна дека ќе ги заостри санкциите, но не прецизираше кога. Она од што најмногу се плашат е се позасилената реторика од рускиот лидер дека нема да се двоуми да го искористи нуклеарното оружје. Според аналитичарите, ниту еден светски лидер, вклучувајќи го и Путин, не сака да биде одговорен за нуклеарен судир. Но, сепак ќе мора да го сфатат сериозно и да се подготват.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Украинците протестираат заради разрешувањето на министерот за одбрана

Kristina Kuzmanovski

Николоски: За набавка на нови автобуси аплицираа четири фирми

Tea Dimkovska

Министерот Сулејмани излезот од проблемот со пресметките на платите во културата го гледа во Законот за култура

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе