Вести Македонија Најважни

На дневен ред на собраниската седница е одлуката за продолжување на кризна состојба во енергетика

На денешната 86та собраниска седница на дневен ред е ставена одлуката за продолжување на кризната состојба во делот на енергетиката, која спред владиниот предлог треба да биде продолжена до 30ти Април следната година.За оваа предлог-одлука вчера расправаше собраниската Комисија за одбрана и безбедност.

Мислењето на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи е дека прогласувањето на кризна состојба ќе овозможи механизми за справување со енергетската криза.

– Имаме доволно аргументи за да побараме шест месеци период на енергетска криза, бидејќи сметам дека граѓаните заслужуваат соодветно да бидат испочитувани со соодветни мерки за најмалку да ја почувствуваат кризата, рече Битиќи на вчерашната седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност.

Во случај Собранието да одлучи дека не треба да се продолжи кризната состојба, посочи Битиќи, можноста навремено да се интервенира, ќе биде невозможна.

Опозицијата обвини дека Владата не носи соодветни и навремени мерки за справување со кризата, а министерот за економија Крешник Бектеши одговарајќи на ваквите обвинувања ги повика пратениците од опозицијата да излезат со конкретни мерки за надминување на кризата.

Предлог-одлуката за продолжување на кризната состојба до 30 април 2023 година беше утврдена на владина седница на 13 септември, а ако го помине собранискиот филтер, треба да почне да се применува од 1 октомври.

На денешната седница пратениците треба да расправаат и за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.

На дневен ред се и Предлог-измените на Законот за финансиска дисциплина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Украинците протестираат заради разрешувањето на министерот за одбрана

Kristina Kuzmanovski

Николоски: За набавка на нови автобуси аплицираа четири фирми

Tea Dimkovska

Министерот Сулејмани излезот од проблемот со пресметките на платите во културата го гледа во Законот за култура

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе