Вести Свет

Во Русија масовни апсења на демонстрантите против армиска мобилизација, синот на Песков на лажен повик вели ќе среди на друго ниво за да не биде регрутиран веднаш

Во повеќе градови низ Русија беа организирани протести против одлуката на рускиот претседател Владимир Путин за делумна мобилизација.

Полицијата на протестите одговори со масовни апсења. Рускиот веб медиум ОВД- инфо објави дека биле уапсени 1.240 демонстранти:, најмногу во Москва и Санкт Петерсбург.

Руските власти најавија дека со законски измени ќе се воведе 3-годишна затворска казна за оние кои ќе одбијат мобилизација.

Водителите на интернет-програмата Популарна политика која се емитува на Youtube веднаш ја тестираа оваа закана на Кремљ и му свртеа на синот на портпаролот на Путин Дмитри Песков.

Николај Песков се јави на телефон, а водителот на програмата му се претстави како воен комесар и го покани помладиот Песков да се јави на мобилизација уште утре.

Младиот Песков го потенцираше своето презиме, рече дека не е против мобилизацијата, но најдобро е тоа да не се случува утре за што на лажниот комесар му кажа дека “ќе среди на друго повисоко ниво”.

На директното прашање дали ќе се пријави како доброволец тој кажа не. Објасни дека доколку Путин навистина сака и тој да се најде на фронтот, ќе биде така иако и притоа потенцираше дека се презива Песков.


Планот на Русија е со мобилизацијата да обезбеди дополнителни 300.000 војници за фронтовите во Украина каде руските линии попуштија пред украинската офанзива.

Западните земји ја осудија идејата за мобилизација.

Наредбата за мобилизација на руските резервисти за западот е очаен потег

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пропаднатиот пат кај Тефериќ се префрла во надлежност на Министерството за транспорт – општина Кисела Вода и Град Скопје немаат можности и капацитети да го санираат

Дејан Дејан

Украинците протестираат заради разрешувањето на министерот за одбрана

Kristina Kuzmanovski

Николоски: За набавка на нови автобуси аплицираа четири фирми

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе