Спорт Фудбал

Седлоски: Верувам во екипата, можеме да минеме во следната рунда

Македонскиот првак Шкупи, утре на арената Тодор Проески во реванш дуелот од квалификациите во Лига Европа го пречекува ирскиот претставник Шамрок Роверс.

Гостите во Скопје доаѓаат со предност од 3:1, но предводникот на Шкупи, Гоце Седлоски верува дека негативата може да се надополни и да се мине во следната фаза.

“Имам верба во играчите, доколку се поставиме како што игравме второ полувреме таму, мора да тргнеме од почеток. Нормално, мора да бидеме внимателни и во одбраната. Играме против еден доста квалитетен противник. Гледате сами дека ирските екипи одат во следната фаза. Утре ние ќе се обидеме, со помош на навивачите кои ги повикувам да ни дадат поддршка, да направиме резултат кој не носи понатаму”, изјави шефот на стручниот штаб на Шкупи, Гоце Седлоски

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вардар надигран од Купс на враќањето во Лигата на шампиони

Sportska Redakcija

Епски пресврт на Аргентина против Египет: Од 0-2 до четвртфинале на СП 2026 (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Кошаркарите ги дознаа можните противници во втората фаза од претквалификациите

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе