Uncategorized

Меѓу осомничените за учество во толпа пред Собранието има и малолетници

Основното јавно обвинителство Скопје, во врска со настаните пред Собранието на Република Северна Македонија на 5 јули, поведе постапка против осум полнолетни лица, за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените за време на јавен собир на граѓани учествувале во толпа и започнале да ја влечат заштитната метална ограда поставени од МВР.Откако ја оттргнале оградата со тврди предмети започнале да фрлаат кон зградата на Собранието.

На еден полициски службеник му нанеле тешка телесна повреда, а на 27 полицајци распоредени во полициски кордон за заштита на зградата на Собранието и чување на јавниот ред и мир, им нанеле телесни повреди. Со дејствијата осомничените ја оштетиле фасадата на Собранието, искршиле прозорци, го искршиле објектот за обезбедување поставен од МВР, оштетиле полициска опрема и едно полициско возило.

Надлежниот јавен обвинител поради  опасност осомничените да се дадат во бегство или да го повторат делото, па до судијата на претходна постапка достави предлози за определување притворска мерка за осомничените.

Од осумтемина осомничени, шест се на возраст меѓу 18 и 22 години, еден е на возраст од 30 и еден на возраст од 36 години. За настанот се пријавени и три малолетни лица, за кои постапката ќе се води согласно Законот за правда за децата.​​

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пендаровски повеќе се рекламирал на телевизија, Силјановска Давкова на радио

Сашо Чавдаров

Изборниот процес тече мирно – дел од граѓаните гласаат и за двата избори, а некои само за парламентарни

Дејан Дејан

Осигурителните компании разочарани откако им го укинаа поскапувањето за регистрација

Сашо Чавдаров

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе