Свет

СЗО: САД не сакаат да го платат долгот од 80 милиони долари

Соединетите Американски Држави не сакаат да платат околу 80 милиони долари долг кон Светската здравствена организација (СЗО), туку ќе ги пренасочат тие пари за да ја платат својата сметка во Обединетите нации во Њујорк.

САД планираат да го напуштат СЗО со седиште во Женева на 6 јули 2021 година, откако претседателот Доналд Трамп ја обвини Организацијата дека станала марионета на Кина за време на пандемијата на коронавирусот. СЗО ги отфрли таквите тврдења.

Според заедничката резолуција на американскиот Конгрес од 1948 година, Трамп мора да го извести СЗО една година однапред за повлекувањето на САД од таа организација, а Вашингтон е должен да го плати она што го должи во тековната фискална година.

Заменичката-помошник државен секретар за организациски работи на Меѓународното биро на Стејт департментот, Нериса Кук, изјави дека САД во моментов му должат на СЗО околу 18 милиони долари за финансиската 2019 година и 62 милиони долари за финансиската 2020 година.

– Заедно, тие се репрограмирани во Обединетите нации со цел да го платат редовниот долг кон ОН, рече Кук.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Единство на Црквата, дипломатија, финансии – дел од предизвиците за папата Лав XIV

Дејан Дејан

Трамп: Изборот на американски папа е „голема чест“ за САД

Дејан Дејан

УНИЦЕФ: „65 до 70 проценти“ од целиот водоводен систем на Газа е оштетен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе