Освен тешката градежна механизација денеска во уривањето на објектот пред Мавровка се вклучени работници кои ги отстрануваат арматурите вградени во бетонската конструкција.
Новиот министер за транспорт и врски порача Благој Бочварски порача дека општините треба да ги отпочнат постапките против сите дивоградби. Тој не исклучува интервенција како оваа на владата но, само доколку некоја општина не е во можност навремено да најде фирма за уривање.
По три часот попладне се очекува судија на претходн постапка да одлучува по предлогот на јавното обвинотелство односно да го прифати или одбие предлогот за одземање на пасошот, забрана за напуштање на живеалиште и редовно јавување во судот за Мевљудин Алити сопственик и инвеститор на дивогрсдбата пред Мавровка.
Павле Беловски