Вести Култура

„Вернисаж“ во Драмски театар-претстава за луѓето робови на конвенциите кои заробуваат и други луѓе

Текстот „ Вернисаж“, Вацлав Хавел го напишала во 1975 година, како коментар на однесувањето на некогашната црвена буржоазија во Чехословачка. Но, и во новата постановка на режисерката Теа Беговска тој се доживува како актуелен.

Ме испровоцира моментот да работам на човечкото однесување , денес. До која лудост може да отиде таа нивна цврска убеденост во една фанатична, радикална конвенција, која што се граничи со опасност, изјави Теа Беговска – режисерка на претставата.

Од опасна конвенционалност до егзибиционизам, низ аплитуди на среќа, тага и агресија. Вакви се манифестациите на карактерите во меѓусебното убедување и разубедување што е важно во животот, обременет со материјални вредности.Паднати во општествената замка, брачниот пар Вера и Михаил ( во изведба на Гордана Ендровска и Роберт Вељановски), во неа го вовлекуваат нивниот пријател Владимир ( што го толкува Предраг Павловски). Иако текстот е пишуван во реалистичен клуч, играта на сопружниците се доближува до драма на апсурдот.

Исто како што во пиесата на Владимир не му е дозволено да има право на избор и Вера и Михаил се обидуваат да го конвертираат во нешто што не е, вели актерот Роберт Вељановски.

 

Слободоумен, некој што сака да речеме правда , некој што цени некои вредности што одамна се изгубени, изјави актерот Предраг Павловски.

За сценографијата која го доловува богато уредениот дом беше задолжен Енес Деари, на анимациите работеше Милчо Узунов, костимограф е Раде Василев, а музика компонираше Енес Беговски. „ Вернисаж“, е театарски чин кој ги разоткрива темните човечки особини, наметнати од средината што се закануваат да не задушат.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе