Вести Македонија Топ вести

Постизборни промени во најголемите партии

Социјалдемократите наесен ќе го сменат партискиот статут, за да може вицепремиерот Љупчо Николовски да остане генерален секретар на партијата. Според сегашните правила,  оваа партиска функција е неспоива со извршната власт. На конгресот кој, според Заев ќе се одржи кон крајот на септември или почетокот на октомври, ќе има и друга статутарна промена :

Според статутот, генералниот секретар учествува во градењето на политиката на СДСМ, се грижи за кадровските прашања и финансиите, но според Заев, нема етички проблем Николовски да се бори со корупцијата како дел од владата, затоа што нема конкретно министерство, туку координативна функција.

Во меѓувреме и Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ синоќа направи големи кадровски промени. Сменети се сите претседатели на општинските комитети во првата, втората и третата изборна единица. Во партиското соопштение нема информација дали новите локални челници се поставени поради истечен мандат на нивните претходници или поради несогласувања со раководството.

Нов претседател на Унијата на млади сили е Сергеј Попов, а е донесена одлука и за распишување оглас за претседателка на Унијата на жени,преку јавен повик кој ќе трае две недели. Оваа партиска функција досега ја извршуваше пратеничката Благица Ласовска. Центарот за комуникации ќе го раководи Луке Галески, кој доаѓа на местото на Иво Котевски поранешен портпарил и помошник-министер во МВР.

Единствено Никола Мицевски останува координатор на пратеничката група, а заменички ќе му бидат пратеничките Дафина Стојаноска и Ели Панова.Од партијата денеска не сакаа да ги коментираат смените. Во кусото соопштение за јавност најавија дека процесот на кадровски смени и доекипирање ќе продолжи и во следниот период.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе