Вести Свет

Пет медитерански држави побараа од ЕУ рамномерна распределба на мигрантите од Африка

Државите од групата „МЕД 5“ во која членуваат Шпанија, Италија, Грција, Кипар и Малта, побараа од ЕУ да демонстрира солидарност при распределбата на мигрантите кои пристигнуват преку морињата, на начин како што тоа се прави кога станува збор за прифаќањето имигранти од Украина.

На границите на петте држави од јужниот дел на ЕУ пристигнуваат голем број мигранти од Африка и Блискиот Исток, па оттаму нивното барање за воспоставување механизам преку кој мигрантите би биле соодветно распоредувани во сите 27 држави-членки на Унијата.

Тоа е посочено во заедничкото соопштение издадено по средбата на министрите за внатрешни работи на петте држави по нивниот состанок одржан викендот во Венеција.

Во документот се бара на наредниот состанок на министрите за внатрешни работи во рамки на Советот на ЕУ да се донесе одредба според која земјите рамномерно би го понеле товарот што го носат мигрантите кои илегално влегуваат во Европа, на начин како тоа е уредено со бегалците од Украина.

Тоа е важно во новиот глобален контекст, во кој не може да се исклучи прехранбена криза, последица на блокадата на извозот на жито, изјави министерката за внатрешни работи на Италија, Лучијана Ламоргезе, на заедничката прес-конференција по средбата.

Во рамките на ЕУ се водат преговори околу заедничкиот европски пакт за миграциите и за азил, па така групата „МЕД 5“ бара во него да биде уредено и прашањето на миграцијата преку Средоземното Море. Рамномерна распределеност на притисокот од миграцијата што во Европа доаѓа преку морињата беше побарана и на претходните средби на групата одржани во Атина и во Малага.

Шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде Марласка рече дека е потребно и продлабочување на соработката со властите на земјите од каде пристигнуваат мигрантите, како и со оние на транзитните земји преку кои мигрантитие пристигнуваат во ЕУ.

Франција како претседавач со ЕУ, предложи воспоставување механизам за распределба на мигрантите.

Расправата по прашањето во рамки на ЕУ трае веќе подолго време, а до несогласувања дојде во 2015 година по големиот мигрантски бран кога некои земји на ЕУ како Унгарија, ги одбија квотите што ги побара Брисел во обид да се растеретат државите од „првата линија“.

Ние, групата држави од Средоземното Море, изразуваме единство што е клучно за да се разгледаат нашите препораки, додаде Марласка по завршувањето на дводневниот состанок.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За едно деноноќие 197 граѓани во Гостивар побарале лекарска помош

Sonja Petrusevska

Пропуштање на патнички возила на секои 10 минути, целосен прекин на товарниот сообраќај – грчките цариници најавија штрајк во понеделник

Sasko Dimovski

Зулфикар Зејнула избран за нов министер без ресор – заокружена реконструкцијата на владата

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе