Вести Македонија Најважни

Притвор за шестмина, една осомничена остана без пасош и право на напуштање на место на живеење. Купувале и продавале преку ЕВН незкаонски земјиште за фотоволтична централа

Судија на претходна постапка го прифати барањето на обвинителството и им одреди притвор на шестмина од седуммината обвинети за случајот парцели за ЕВН, меѓу кои и за двајца поранешни управители во компанијата – Мирослав Митровски и Игор Гиевска. За една од осомничените е одредени мерки на претпазливост- одземање на пасош и забрана за напуштање на домот.

Финансика полиција поднесе кривична пријава. Скопското обвинителство ја прифати и денеска отвори истрага. Но, за да собира докази и да разговара со сведоци за да докаже како двајца управители во ЕВН ги заобиколиле редовните процедури за проверка и од 5 физички лица купувале земјиште за изградба на фотоволтаични централи побара од судот 6 мина од нив  да останат зад решетки. Обвинителството стравува дека можат да влијаат на сведоците се наведува во предлогот до кривичниот суд. Мирослав Митровски  и Игор Гиевски како урпавители во ЕВН минатата година купиле земјиште во делчевкиот и беровскиот регион и на 5 физички лица им откулиле десетици илајди метри квадратни за 1,5 милиони евра – но спротивно на постапката во компанијата ЕВН.

„Во постапка за купување на недвижен имот – земјиште со намена за изградба на фотонапонски волтаици, двајцата осомничени не ги почитувале и ги заобиколиле интерните постапки и не ги извршиле неопходните претходни проверки кои што биле должни да ги извршат. Притоа намерно исклучиле дел од вработените лица кои поради нивната стручност било задолжително да бидат вклучени во постапката, а на дел од  вработените им дале директни наредби и насоки за изготвување на cost benefit анализи за исплатливоста на инвестицијата, вметнувајќи невистинити податоци и прикривајќи ја реалната состојба,“ се наведува во известувањето на јавното обвинителство

Двајцата управители според обвинителството сториле кривично дело измама во службата, а петтмина други им помагале. Сомнеж за измама постои месеци наназад кога сопствениците на земјиштата започнале да го укрупнуваат имотот.

„Осомничените првично ги стекнале парцелите со формални договори за дар, кои во суштина се договори за купопродажба бидејќи за трансакцијата им биле исплаќани парични средства. Со тоа незаконски била избегната обврската за достава на писмена понуда или објава на јавен оглас за земјиштето.Дел од наведените катастарски парцели не ги исполнувале критериумите за пренамена од земјоделско во градежно земјиште согласно Законот за урбанизација, дел од катастарските парцели не исполниле услов согласно објавените критериуми, “ се вели со соопштението на ЈО.

Но, каде завршиле парите е прашање кое обвинителствто превзема одговорност да одговори. На овој случај веќе му се прилепува политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Но, дека тие пари биле користени во претходните локални избори за незаконско финансирање на кампања такви наводи нема во кривичната пријава од финанссика полиција. Политичките опоненети на ВМРО- ДПМНЕ ваквите шпекулации ги поврзуваат со политичката поврзаност со опзициската партија на сите седдумина осомничени. Разрешениот управител во ЕВН Игор Гиевски е поранешен претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓу осомничените е и Дарко Тодоровски, кој е поранешен советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево, како и Орце Тодоровски -Ефто, кој важи за близок на лидерот Христијан Мицкоски.

Павле Беловски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на летно и зимско сметање на времето

Sonja Petrusevska

СДСМ: Дали Мицкоски и за ослободувањето на Груевски имаше чувство?

Kristina Kuzmanovski

Косово ја прогласи српската министерка Снежана Пауновиќ за персона нон грата

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе