Култура

Канг Су-Јин и Олга Панго со пораки за Светскиот ден на танцот

Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на танцот Македонија преку нашиот центар на ИТИ- УНЕСКО се приклучува кон дигиталното чествување. Во македонската порака авторката Олга Панго, балерина, кореограф и балетски педагог вели:

 

Во времиња како овие, времиња на големи искушенија и транзиции, во ерата на пандемијата, единствениот спас е да се прочистуваме со нешта кои се возвишени: како танцот и уметноста воопшто.Танцот опстојувал, опстојува и ќе опстои независно од тоа колку општеството ќе ги поддржи оние кои го негуваат, се борат и живеат од него, со него и во него. Секојдневното присуство на танцот нè прави само посреќни и побезгрижни“.

 

Авторка на светската порака Канг Су-Јин од Јужна Кореја, танчерка, уметничка директорка на Националниот Балет во Јужна Кореја ќе забележи:

 

„Катастрофата наречена КОВИД-19 го запре животот во кој бевме слободни, гледано од оваа перспектива (бевме послободни), меѓу другото оваа трагедија не наведе да ги промислуваме значењата на „танцот’’ и „танчерите“. Иако состојбата денес постепено се подобрува, танцовите изведби сеуште се предмет на многу рекстрикции и ограничувања. Ова ни предизвикува да ги цениме сите драгоцени моменти и сеќавања од времето кога танцот и танчерите блескаа како скапоцени камења на сцена, победувајќи ја човечката агонија и анксиозност, волја и надеж за живот и просветлен свет.

Линк до Светската порака по повод Меѓународниот ден на танцот што ја чита на македонски јазик  нашта танчерка и кореограф Ивана Балабанова.

https://www.youtube.com/watch?v=uQ0VPefTR1k&t=13s

 

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Македонската филхармонија вечерва во Солун со „Кармина Бурана“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе