Ако не сега, не се знае кога. Ова меѓу редови може да се протолкува од денешната посета на еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи на Скопје, откако тој вчера, пред да допатува во Македонија, за деблокирање на пристапниот процес на земјава, во Софија разговараше со бугарскиот државен врв.
Вархеи и таму и тука остана скржав на зборови дали јуни е реален рок за старт на преговорите и има ли придвижуавње кон решение.
За тоа што разговарал Вархеи утрово час и половина во Владата, со владиниот троец, премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ и шефот на дипломатијата, Бујар Османи, беше соопштено од владината прес-служба, во протоколарно соопштение, без повеќе детали, со каква порака од Софија допатува Вархеи. Сепак една реченицата во соопштението упатува на заклучок дека Вархеи го испорачал јуни како краен рок за Македонија да фати се качи на возот за ЕУ.
Исто така, постои согласност дека сега е моментот за деблокада на евроинтеграциите на Република Северна Македонија, што во спротивно може да остане уште долг период отворено прашање, а тоа не е од полза на ниту една страна, а наведува во соопштението по средбата на Вархеи во владата.
По средбата со Ковачевски, Вархеи пак на твитер објави дека се посветени на продоложување на напорите за старт на преговорите во клучно време, пред завршување на францускотот претседателство со Европската унија.
Нема врема за губење, да ги забрзаме процедурите, напиша на твитер Вархеи.
Вархеи кој во три недели двапати беше во Софија, а денеска и во Скопје, со порака дека ќе доаѓа онолку пати колку што е потребно за да се придвижи работата и преговорите да почнат во јуни, во земјава освен со владините претставници разговараше и со лидерите на политичките партии, Алијанса за Албанците, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ.
Тамара Грнчароска
