Вести Македонија Топ вести

Седницата ја напуштија и Алијанса и Алтернатива

Со верификацијата на мандатот на Белкиса Зеќири која доаѓа на местото на Радмила Шекеринска, досега се верификувани мандатите на тројца нови пратеници кои се избрани наместо Зоран Заев, Љупчо Николовски и Радмила Шекеринска.

Собранието ја констатираше и оставката на Оливер Спасовски од пратеничката функција по што повторно се очекува извештај од Државната изборна комисија и верификација на мандатот на новиот пратеник.

Останува истата постапка да биде спроведена и за Никола Димитров, Мила Царовска и Јагода Шахпаска од СДСМ и Насер Нуредини од ДУИ.

Пратениците на Алијанса за Албанците и Алтернатива ја напуштија седницата со образложение дека веќе 12 часа се во Собранието и барање да се продолжи со работа утре во 9 часот, на што претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека законодавниот дом ќе работи се додека има соодветно мнозинство.

Претходно, седницата ја напуштија и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

Во текот на денешниот ден беше констатирана и оставката на Флорин Бесими, брат на Фатмир Бесими кој е предложен за министер за финансии. На негово место, верификуван е мандатот на новиот пратеник од ДУИ Бедри Фазлиу.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно – Временска прогноза за 11.5.2025

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе