Вести Култура

Отворена изложбата „Возвишување“ во галеријата Метаноја

Во рамките на оддбележувањето на 15-ти април, Светскиот ден на уметноста, во галеријата „Метаноја“  е отворена изложбата „Возвишување“.

Во поставката се опфатени дела на 12 домашни и странски  уметници  кои се потврда дека уметничкиот дух не знае за граници и за поделби, истакна Коста Милков.

За изложбата кураторот Коробар ќе каже: „15-ти април e Светски ден на уметноста, но и ден роденден на Леонардо да Винчи, чиј дух и дело преставуваат светско културно наследство“.

Автори на делата се: Денис Тенев, Доне Милјановски, Роман Кисјов – Бугарија, Симон Шемов, Владимир Георгиевски, Павле Кузмановски, Вели Блакчори – Косово, Атанас Атанасов – Бугарија, Бернхард Холеман – Австрија, Глигор Чемерски, Евгенија Демниевска, Илија Кочовски.

„Повик на возвишување на секој од нас, преку уметничкото, преку религиозното и комбинација од едното со другото. На крајот на краиштата да си посочиме едни на други навистина УБАВИНАТА ЌЕ ГО СПАСИ СВЕТОТ “ – вели кураторот на изложбата, Климе Коробар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Украина и Русија ослободија по 185 затвореници во последната голема размена

Дејан Дејан

Зеленски: Путин одбивајќи средба избира војна

Дејан Дејан

Тилев и Стојковски: Македонија треба да инсистира на „front-loaded“ пристап во преговорите со ЕУ, но клучот е во уставните измени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе