Магазин Промо тв Серии

Втора победа на Обама, почнува потрагата по Доналд Трамп-во 5-тата епизода на „Најсилниот глас“

Во епизодата „2012“ (вечерва во 20:20 на Телма, 11.04.2022.), Роџер Ејлс не може да се помири со слабиот избор на противкандидати на Барак Обама за Белата куќа. Паранојата на шефот на Фоксњуз оди до крајни граници, Ејлс е дека Обама во вториот мандат од САД ќе направи „нацистичка полициска држава“ која ќе се бори против такви каков што е самиот.

Но изборите покажуваат дека Обама е апсолутен победник, а во изборната ноќ Џо, уредникот на неговиот локален весник, го напушта откако не може да се помири со крајно радикалните ставови на шефот на Фокс. Се вклучува и алармот во куќата на Ејлс и сигнализира упад во приватното царство на Роџер Ејлс.

Радикалните конзервативни кругови во САД се обидуваат да најдат перфектен кандидат на републиканците за Белата куќа, а во изборот се вклучува и Ејлс чиј предлог е Доналд Трамп.

Од друга страна поради сексуалното малтретирање на жените во Фокс, директорот на телевизијата станува цел на тајна операција на една ТВ водителка. А друга вработена во тимот на Фокс, психички уништена успева да побегне од канџите на предаторот Ејлс. Двајца блиски

Работите во Фокс почнува да ги истражува и новинарот на Њујорк Тајмс, Габриел Шерман (по чиј труд е екранизацијата на „Најсилниот глас“). А во војната да се спречи вистината, ќе биде употребено и новото оружје- интернет тролање и лажни вести. Уште еден соработник од внатрешниот круг на Ејлс го напушта Фокс.

2012-тата година носи релативно досадна изборна трка за Белата куќа. Републиканците го бираат Мит Ромни за кандидат за нов претседател на САД, но тој поминува очајно откако дури и Фоксњуз не го поддржува затоа што моќниот Роџер Ејлс е личен непријател на сенаторот Ромни (Мормон по вероисповед од државата Јута).

Вториот избор на Обама особено го олеснува наоѓањето и елиминацијата на Осама Бин Ладен. Неколку часа пред операцијата во Пакистан, Обама е на традиционалната вечера со новинарите-известувачи од Белата куќа. Таму е и Трамп меѓу гостите, а Обама сам прави шеги за своето потекло со пуштање на цртаниот филм „Кралот лав“ (Lion king).

Токму Трамп е гласен поддржувач на теоријата дека Обама е роден во Кенија, а не во САД, што е услов за кандидирање за претседател на САД. Теоријата не е точна, но Трамп е упорен, постојано покажува документи во јавноста како доказ за тврдењето, се до студениот туш на вечерата со новинарите.

Трамп е понижен од Обама и присутните новинари го исмеваат на јавна сцена. Трамп за време на својот мандат поради ова ќе им врати со негативниот однос кон новинарите на големите ТВ куќи кои ги смета за непријатели.

Сепак, во првиот мандат на Обама е убиен Осама бин Ладен, а таа ладно сервирана одмазда за 11-ти септември, ја „приготвуваат“ разузнавачите во Авганистан и специјалците на СЕАЛ тимот на американската армија. Обама продолжува и со здравствените реформи со Обамакер проектот за поширок опфат на бесплатна здравствена заштита за посиромашните американци.

Сите овие работи му носат втор мандат, но и многу непријатели на десницата кои ќе се борат за партиска смена во Белата куќа.

5-тата епизода на „Најсилниот глас“ е вечерва во 20:20 на Телма (понеделник, 11.04.2022.)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Маск: Одиме на Марс, животот на Земјата ќе биде уништен

Дејан Дејан

(фото)Истрчани 465 км на шестдневна трка – победничка од Македонија

Дејан Дејан

ТАJНИ АГЕНТИ – сериски филм – од понеделник до четврток во 22:15

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе