Затворени се избирачките места во Србија по тројните изборти – за претседател, за нов состав на Собранието и за локална власт во 12 градови, а кои поминаа во услови на затегнати односи власт – опозиција, која го бојкотираше претходниот собраниски состав изгласан пред две години. Според проценките на аналитичарите Александар Вучиќ ќе добие втор петгодишен претседателски мандат. Опозицијата сконцентрирана околу партијата на поранешниот градоначалник на Белград, Драган Џилас, веќе обвини за низа нерегуларности.
Марија Дивитарова ги следи изборите во Белград.
Наблудувачка мисија „Црта“ јавува за бројни неправилности на изборите во Србија, каде се гласа на претседателските, парламентарните и локалните избори за град Белград.
„„Црта“ поднесе уште две пријави во полиција и тие се однесуваат на купување на гласови. Значи вкупно „Црта“ во текот на денешниот ден поднесе седум пријави и сите на директен или на индиректен начин се однесуваат на купување на гласови или на т.н. феномен „бугарски воз“. Она што го забележуваме е значаен раст на неправилности, поединечни неправилности, спорадични неправилности на дури 12% од избирачките места ширум Србија. Денеска во попладневнитѕе часови ви соопштивме дека во Белград на избирачките места на кои се забележани поединечни проблеми изнесува 5%, сега тој провент на избирачки места порасна на 10%“, соопшти Раша Недељков, наблудувачка мисија „Црта“.
Во 20 часот заврши гласањето на претседателските, парламентарните и градските избори за Белград и 12 други градови во Србија, на кои според аналитичарите се очекува висока излезност од 59,7 отсто гласачи. Според ЦРТА до 19 часот излезноста е 55,1 отсто, а според Ипсос 54,6 отсто, што е многу поголема излезност во споредба со сите избори во последните шест години.
РИК прогласи крај на гласањето и го отпочна процесот на броење на гласовите, а со официјални резултати ќе се јави утре до 20 часот.