Култура

Синдикатот за култура бара исплата на платите согласно зголемената минимална

Синдикатот за култура бара зголемување на платите, согласно зголемената минимална и потпишаниот Колективен договор. Во соопштение до медиумите од таму вела тека деновиве во јавноста од страна на Министерството за култура има засилен наратив против вработените во институциите на културата и против синдикатите, дека бараат „преку леб погача“, а не едноставно почитување на договореното. Целта на оваа активност е да се оправда во јавноста намерата на Министерството за култура да го прекрши членот 65 од Колективниот договор за културата, со кој се одредува основната бруто плата на вработените според методологијата: минимална бруто плата во државата помножена со коефициент на сложеност за секое работно место, велат од СКРМ.
– Иако пред четири месеци, Министерството за финансии најави дека во културата платите ќе бидат покачени, со покачувањето на минималната плата заради заеднички договорената методологија за пресметка на плата и истото беше јавно потврдено од Министерката за култура пред неполн месец, сепак како наближува датумот за исполнување на обврските така започнува веќе виденото сценарио на притисок врз синдикатите и вработените да се откажат од нивното право во име на светска криза на повеќе нивоа. Во рамките на овие притисоци јавно се изнесува дека институциите се обиделе да манипулираат со недела како неработен ден со цел да се оцрнат вработените, се спинува со износот на нето платите кој се соопштува заедно со годините стаж и други додатоци, се манипулира со наратив дека институциите не работеле две години во време на пандемија и се промовира мантрата дека платите во културата биле покачени четири пати во изминатиот период, велат од СКРМ.
Очајно е да се изнесуваат невистини во јавноста дека сите институции не функционирале за време на пандемијата. Повеќе од 80% од институциите редовно ги извршуваа своите задачи, впрочем како е реализирана програмата за 2020 и 2021 година ако институциите не работеле? Можеби Министерството требало уште тогаш да ги повика на разговор директорите на оние институции кои не нашле алтернатива за своето функционирање и не биле креативни. Воопшто не е доцна да им се постави прашањето зошто? Очајно е што Министерството за култура никогаш не се постави како вистинско министерство кое е сервис на граѓаните, на институциите и на оние што ја создаваат и одржуваат културата и со тоа не ги оправда причините за неговото постоење. Менувањето на пет министри во 7 години, или пак претходното цврсто узурпирање во име на градењето лажни културни вредности, укажуваат дека ова Министерство е само субјект наменет за политичко задоволување, а не за нега на културните вредности кои се еден од столбовите на општеството. Истото е и со институциите каде што кандидатите за директори кои се најквалитетни на законските конкурси, немаат перспектива затоа што не се по терк на партиските кујни. Иако институциите од културата имаат енормен потенцијал за профит и делумна самоодржливост, сè додека директорите, па и вработувањата се одлучуваат од „кадрово“ на партијата, културата ќе изгледа како финансиска дупка без дно. Од СКРМ не исклучуваат протести.
– За оваа состојба најмалку се виновни вработените, туку проблемот тргнува од врвот.
Сето ова е причина зошто и кај вработените во културата, како и кај граѓаните на државата, постои недоверба кон системот, зошто термините солидарност и жртва се доживуваат како еуфемизми зад кој е скриена потребата да се покријат киксовите на политичарите од типот на долгот на општините и јавните претпријатија од 600 милиони евра или долгот на институциите од културата за електрична енергија од речиси 1 милион евра. Вработените во културата, како и сите вработени во јавниот сектор кои се борат за нивната плата поради менувањето на животниот стандард, чувствуваат дека како и секогаш, тие треба да ја платат цената за грешките и несовесноста на функционерите во услови кога трошоците за живот се рапидно зголемени. Поради тоа е отпорот, поради тоа работниците ќе ги преплават улиците, велат од СКРМ.
Од таму објаснуваат дека во установите од културата не се пресметуваат платите, согласно зголемениот минималец и се чека на сигнал од Министерството за култура. Но, надеж им дава вчерашната владина одлука за исплата на платите во законски рок , согласно Законот за минимална плата и измените на Законот за административни службеници кои се очекува да бидат донесени во Собранието во текот на април. Со тоа ќе има корекции и за мартовските плати.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реконструкцијата на Универзална сала во септември

Дејан Дејан

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе