Свет Топ вести

Училиштата во Грција од 7 септември ќе работат во полн состав и со зголемени мерки на заштита

По едногласната препорака на Комисијата за заштита на јавното здравје од Ковид-19 при Министерството за здравство на Грција, се планира повторното отворање на сите училишни единици да биде во полн состав (т.е. со сите ученици) и со зголемени мерки за заштита (како што е широка употреба на маска, различни паузи за учениците и сл.), соопштуваат од Министерството за образование на Грција по одржаниот состанок на министерката и нејзините заменици со членовите на надлежната комисија, јави дописничката на МИА од Атина.

Состанокот беше за подготовка за почетокот на учебната година, закажан за 7 септември, додека пак деталите за начинот на работа ќе бидат финализирани во следните денови.

Министерката за образование на Грција Ники Керамеос рече дека се во постојан контакт со Министерството за здравство и членовите на надлежната комисија за прилагодување на образовниот процес на посебните услови поради пандемијата и додаде дека кога ќе завршат разговорите ќе биде објавена целосната рамка за отворањето на образовните институции.

Пред почетокот на летото, грчката Влада донесе одлука, новата учебна година да започне порано, наместо на 11, на 7 септември, а владиниот портпарол во интервјуто за телевизијата „Open“ во понеделникот рече дека засега, нема промени на конкретниот план.

На 18 мај продолжи прекинатата учебна година за средношколците во Грција, додека пак учениците од основните училишта со настава почнаа на 1 јуни по пауза од речиси два и пол месеци.

Учебната година наместо на 15, заврши на 26 јуни 2020 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

САД бараат од НАТО-сојузниците прифаќање на пет проценти од БДП за одбрана

Дејан Дејан

САД и Саудиска Арабија потпишаа економски договор кој опфаќа енергетска и судска соработка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе