Култура

Во слава на кукларството ширум светот

Светскиот ден на кукларството се слави секоја година на 21 март, за да им се оддаде почит на куклaрите ширум светот и да се запознаат луѓето со уметноста на кукларството.

Денот беше востановен во 2002 година од страна на Меѓународната унија на куклари (УНИМА), со цел да се зачува традиционалната уметничка форма и таа да се промовира .

– Секаде каде што има деца, публика, кукли, предмети и силна фантазија, кукларството ќе цвета, вели претседателот на УНИМА, Димитри Јагенау.

Првата прослава на Светскиот ден на кукларството беше одржана на 21 март 2003 година.

Во Индија, уметноста на кукларството се верува дека потекнува од времето на античката цивилизација во долината Инд.Археолозите открија кукла од теракота со глава закачена на врвка.Доказите откопани за време на ископувањето, исто така, укажуваат на присуство на кукларство во Египет во 2000 година пред новата ера.

Подоцна, во 2000 година, иранскиот уметник на куклен театар Џавад Золфагари ја предложи идејата за Светскиот ден на кукларството (на УНИМА).

Традиционалната форма на куклена игра има за цел да ги скрши сите јазични и културни граници додека публиката ужива во движењата и изведбите на сцената, без разлика дали го разбирате јазикот или не. Тоа ги прави луѓето среќни додека се навраќаат на своето детство- време кога си играле со кукли, па дури и им доделувале улоги.

Еден од најдобрите начини да се прослави Светскиот ден на кукларството, е да се посети куклена претстава и да се ужива во традиционалната уметничка форма.

Може да се ангажираат децата да направат кукли, да ги поканат нивните пријатели и потоа да организираат сопствена куклена претстава.

Александар Ширјаев, балет мајстор на Маринскиот театар во Санкт Петербург, е заслужен за создавањето на првиот куклен анимиран филм.

Некои познати кукли ги вклучуваат Пинокио, Даниел- Пругастиот тигар,Елмо и др.

Како и да е, жабата Кермит (од „ Мапет шоу“), е една од најпознатите кукли која се појавувала на различни култни телевизиски емисии.

Годинава, главна тема на Светскиот ден на кукларството е морето.

Автор на текстот: Снеха Дас, објавено во News Bytes

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе