Македонија Топ вести

Половина од охридските плажи се без спасувачи

И покрај несреќите кои се случуваат секоја година, поголемиот дел од плажите во нашите најголеми туристички центри немаат служби за спасување, иако законски се обврзани да имаат најмалку еден спасувач. Според Црвениот крст на Охридското крајбрежје само 15 од вкупно 35 плажи  ангажирале спасители на вода. На дел од овие концесионери веќе им истекле договорите, но сепак поставиле опрема, ама не се погрижиле за безбедноста на плажите

На поголемиот број на капалишта во Охрид нема спасители, нема безбедни услови за капење, спорт и рекреација. Ние апелираме на сите туристи кои доаѓаат да се информираат каде се безбедни капалиштата, тоа се околу 15 капалишта во Охрид, тие плажи да ги користата и да ги слушаат препораките и насоките на спасителите на вода, вели Сашо Точков, претседател на ОО на Црвен Крст – Охрид.

Уште полоша е сосотојбата на Преспанското крајбрежје. На плажата во Претор каде минатата недела се удави 16 годишно момче скокајќи од педалинка која ја изнајмил со уште двајца другари, нема спасувач, а исто така, ретки се концесионерите кои обезбедиле спасители на вода на плажите.

Не сите плажи имаат спасувачи, иако според закон секоја плажа мора да има обезбедено барем еден спасува. Ние како Црвен крст – Битола ги обучуваме нашите спасувачи да регираат брзо при вакви немили настани, затоа што брзината значи многу за да се спаси човечки живот, рече Александар Ацев, коордиантор на спасувачката служба во ОО на  Црвен Крст-Битола.

Оваа сезона работите се уште посложени, затао што токму спасувачките служби се тие кои треба да се гржат за спроведување на протоколите за заштита од Ковид-19 на плажите. Но, без спасувачи на плажите, нема кој да воведе ред, а што е уште поважно, нема кој да им укаже помош на туристите за било која незгода.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе