Прекинот во водоснабдувањето во Тетово започна од вчера по 11 часот, поради пукање на цевка во главната водоводна мрежа на улицата Цветан Димов, на кој екипите од Регионалната единица „Водовод и канализација“ работеа до полноќ, а продолжија и денес за целосно санирање на дефектот.
Од раководството велат дека активностите се одвивале во отежнати услови поради временските прилики и поставеноста на цевката во чија близина има и електрични кабли. Во текот на денешниот ден се појави и втор дефект во близина на Шарена џамија.
Граѓаните се принудени да купуваат вода за пиење и да прават залихи за задоволување на основните хигиенски потреби.
Тетово има чести прекини во водоснабдувањето поради стари и дотраени цевки и нецелосно обележан систем на градскиот водовод стар 90 години.
Данијела Билбилоска