Вести Македонија Најважни

Главниот кризен штаб одлучува за продолжување на распустот на учениците

Втора владина седница, со единствена точка – настава во ковид услови и можно пролонгирање на второто полугодие.

Новиот владин состав во моментот расправа дали учениците треба да останат дома извесен период или во четврток дефинитивно ќе се вратат на настава.

Откако комисијата за заразни болести не излезе со предлог, кризниот штаб вечерва свика итна седница, со цел скенирање на ковид состојбата, предлогот е на маса пред старо-новиот владин состав, кој се очекува секој момент да пресече дали ќе се пролонгира почетокот на второто полугодие.

Неколку часа претходно, на првата конститутивна седница на владата, за шеф на кабинет на Ковачевски, назначен е Мартин Попов.

Попов е актуелен советник во Советот на Град Скопје, а претходно беше и организациски секретар на СДСМ од која позиција беше сменет минатиот месец. Владата на првата седница донесе одлуки и за именување членови и претседатели на основните и посебните комисии.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сообраќјна несреќа на автопатот Тетово-Скопје, километарски колони на возила и голем застој

Kristina Kuzmanovski

Трамп се откажа од 20-процентната такса за бродовите во Ормускиот Теснец

Kristina Kuzmanovski

Цената на нафтата скокна над 85 долари

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе