Западниот Балкан се најде во приоритетите на Франција како претседавач со Европската унија како втора географска зона од нејзиниот интерес на европското соседство, веднаш по првата географска зона на интерес – Африка. Сместен во концептот „моќ“ на плановите на Париз за идните шест месеци на чело на ЕУ, Заапдниот Балкан и Македонија во 30 минутното презентирање на француските приоритети од страна на нејзиниот амбсадор во земјава, доби едвај три минути. Порака притоа беше дека проширувањето на ЕУ со Македонија нема утврден рок.
„Тој рок зависи од меѓувладината конференција кое ќе го означи почетокот на преговорите и во овој момент е невозможно да се утврди точен датум. Но јасно е дека постојано ќе се придружува земјата со француското претседателство и трите други засегнати институции за да може работите конструктивно да напредуваат и во добра насока за да можеме колку што е можно побрзо и во текот на француското претседателство да се постигне значителен напредок кој што го очекуваат сите“, рече Сирил Бомгартнер, амбасадор на Франција во Македонија.
Бомгартнер притоа информираше дека Франција во јуни ќе организира голема конференција за Западниот Балкан, но за која се уште не се утврдени контурите и целите, но сигурно е дека нема да се занимава само со проширувањето.
За разлика од француските приоритетите кои не донесоа ништо ново во позициите на Франција кон пристапувањето на Македонија, повеќе интерес за медиумите и присутните беше присуството на вицепремеирот во змаинување Никола Димитров, кој вчера ја предизвика државната политика токму на темата од која зависи старот на преговорите со Унијата – спорот со Бугарија.
Димитров кој протоколарно дојде, имаше кратко обраќање од неколку минути стриктно држејќи се до француските приоритети и претседавање и замина пред да заврши Советот, на Франција и порача да направи што може во нејзиниот мандат земјав да ги почне прегворите.
„Се надевам дека најавениот самит меѓу ЕУ и Западниот Балкан кон крајот на француското претседателство во јуни ќе направи контекст каде што ќе биде прескапо повторно да се соочиме со пораз сите вклучени во овој процес“, изјави Димитров.
Инаку францускиот амбасадор своето обраќање пред Националниот совет за евроинтеграции го започна со изрази на благодарност до Димитров и како амбасадор и лично за неговата улога која ја имал за севкупно подобрување на односите меѓу Македнија и Франција. Димитров пак му се заблагодари и му порача дека ќе остане тука и заедно ќе туркаат за постигнување на успех за евроинтегрирањето на земјава.
Тамара Грнчароска
