Вести Наука и здравје

Кина гради вештачка Месечина која симулира мала гравитација

Кина изгради вештачка Месечина која симулира услови на ниска гравитација, прва од ваков вид. Објектот се очекува да игра важна улога во идните мисии на Кина на Месечината.

Ли Руилин, научник од кинескиот универзитет за рударство и технологија, рече дека проектот за вештачка Месечина во источниот град Шужоу се очекува официјално да биде лансиран во наредните месеци.

Опишувајќи ја програмата како „прва од ваков вид во светот“, Ли рече дека со проектот, симулацијата на Месечината ја подигна на сосема ново ниво, бидејќи гравитацијата може да се „изгуби по волја“.

Објектот се состои од вакумска комора со мини „Месечина“ со дијаметар од 60 сантиметри. Има камења и прашина лесни како оние што се наоѓаат на Месечината. Се напојува со магнетно поле како Месечината. Онаму каде што полето е доволно силно, некои лесни предмети како жаби или костени можат да се вивнат низ воздухот.

Ли рече дека проектот ќе игра важна улога во подготовката на Кина за операции на Месечината, дозволувајќи им на научниците да тестираат опрема, па дури и да спречат скапи погрешни пресметки на самата Месечина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бројот на загинати во Венецуела е над 3.300 луѓе – ажуриран извештај за жртвите во разорните земјотреси

Sasko Dimovski

Гази Баба: 24-годишно момче пронајдено починато

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Загинаа 11 луѓе, 46 повредени во голем руски напад врз Киев – Русија соборила 519 украински дронови

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе